Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на СДСМ Скопје дава награда до 3.000 евра за информација

Претседателот на СДСМ Скопје дава награда до 3.000 евра за информација

Претседателот на СДСМ Скопје и поранешниот директор на Зоолошката градина - Скопје,Ѓорѓи Галетановски, дава до 3.000 евра награда за информација што ќе доведе до пронаоѓање на тој што го запали неговиот автомобил.

Тој повика сите граѓани кои имаат веродостојни информации за извршителот или нарачателот на случката да го контактираат, најавувајќи симболична награда од 2.000 до 3.000 евра.

- Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен.

Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира ќе биде награден со 2-3илјади евра,објави Галетановски.


Слично

Поврзани вести