Претседателот на СДСМ Куманово со дрва и камења по Максим Димитриевски: Зависник и популист
Пратеникот Мартин Костовски, кој наедно е претседател на СДСМ Куманово, го нарече кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски популист и зависник од внимание и аплаузи, откако тој вчера го искритикува францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија.
„Максим е типичен габарит на популист кој е зависник од внимание и зависник од пофалби со аплаузи. Дали се додворува на Мицкоски или се веќе договорени заеднички да клеветат и напаѓаат, притоа безобразно поигруваќји се со националните чувства на народот.
Никој, ништо нема да предаде, продаде и шитне. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ГОВОРАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и ТОЧКА. ВО ЕУ КАКО РАМНОПРАВНА ДОСТОИНСТВЕНА ЧЛЕНКА СО СВОЈ ЈАЗИК,ИДЕНТИТЕТ и ИСТОРИЈА.
НЕ ПОНИЖЕНИ, ТУКУ ГОРДИ, СДСМ е ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА, СДСМ Е МАКЕДОНСКИОТ СОВРЕМЕН КОД Најлесно е да фрлаш камења и од позиција на опзиционер САМО и САМО да напаѓаш, без притоа да дадеш придонес ама буквално за ништо“, напиша Костовски синоќа на Фејсбук.
Димитриевски вчера со отворено писмо на социјалните мрежи го прашува македонскиот премиер Димитар Ковачевски зошто уште нема информации за францускиот предлог, за кој има бројни реакции во јавноста.
Слично
