Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Претседателот“ на „Цар Борис Трети“ на распит во Обвинителството за антисемитизам

„Претседателот“ на „Цар Борис Трети“ на распит во Обвинителството за антисемитизам

Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, инаку избришано од Централниот регистар на Северна Македонија, Томе Блажески, на 28 април е повикан во обвинителството во Охрид како осомничен за „предизвикување национална, расна и верска омраза. раздор и нетрпеливост“ по чл. 319 и „омаловажување на македонскиот народ“ по чл. 179 од Кривичниот законик на Северна Македонија. Според ТВ Алфа, пријавата ја доставила еврејската заедница во земјава.

„Не сакам никој да лежи 10 години во затвор, туку да престане со омаловажувањето и дискриминацијата на Евреите со глорифицирање на нацизмот и фашизмот. Очекувам да престанат провокациите и еврејските жртви од Втората светска војна да престанат да бидат цел на политичко пазарење. Жал ми е што овој фашистички наратив или овој антисемитизам се шири денес, во 2023 година, со невидено темпо и ги запалува масите во Бугарија и Македонија, тоа не е правилно. И ние во Македонија не можеме да дозволиме враќање на историјата и повторно будење на фашизмот преку пропагандата на соработниците на Хитлер“, изјави за телевизијата Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија.

И веќе непостоечкото здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид на својата Фејсбук страница објави дека Блажески е повикан во обвинителството. 


Слично

Поврзани вести