Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот Иванов во дводневна посета на Турција

Претседателот Иванов во дводневна посета на Турција

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е во дводневна работна посета на Република Турција каде што ќе учествува на Евроазискиот економски самит на тема „Човештвото на крстопат“.

Шефот на македонската држава ќе има свое обраќање на форумот на којшто учествуваат актуелни и поранешни државници, како и истакнати личности од невладиниот сектор, бизнис заедниците од 40-тина држави.

Ова е седмо учество на претседателот Иванов на овој самит што се организира во Истанбул од 1998 година.


Слично

Поврзани вести