Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот го честита големиот еврејски празник Пaсха

Претседателот го честита големиот еврејски празник Пaсха

По повод големиот еврејски празник Пaсха Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо-Николиќ како и до сите припадници на Eврејската заедница.

„Почитувана г-ѓо Романо-Николиќ, Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам претстојниот празник Пaсха, денот кога се прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство.

Историјата на еврејскиот народ е бурна и познава многу неправди, на раселувања и прогонувања, на големи жртви и страдања. Но, уште позначајно е дека тоа не ја намалила надежта за подобар живот, независност и самостојност, туку напротив само ја зајакнала. Токму затоа ги чествуваме празниците како овој, за да не потсетуваат дека не треба да го заборавиме минатото бидејќи тоа не учи и ни дава надеж за нови предизвици и победи. Припадниците на Еврејската заедница се прифатени и се почитувани како неотуѓив дел од македонскиот модел на соживот и придонес во општествениот развој на Република Македонија. Негувајќи ги меѓусебните односи и традиции создадовме вредности за идните генерации. Честитајќи Ви го празникот Пасха примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство“, гласи честитката на Иванов.

Слично

Поврзани вести