Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателката вапсува јајца: Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!

Претседателката вапсува јајца: Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објави фотографија како вапсува јајца во својот дом и се подготвува за дочек на големиот христијански празник Велигден.
„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува.

Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.

Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“, порача Силјановска Давкова.


Слично

Поврзани вести