Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер
Претседателката Гордана Силјановска Давкова објави дека имала средби со грчкиот и со бугарскиот премиер - Киријакос Мицотакис и Димитар Главчев, на маргините на Самитот за мир во Швајцарија.
„На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи“, порача Силјановска Давкова.
Мицотакис и Главчев претходно повеќе пати порачаа дека Македонија со новата власт мора да ги почитува меѓусоседските договори на кои е обврзана.

Слично
