„ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕМА ПОТРЕБА ПОЛИТИЧКИ ДА ИЗБЕГНУВА ДА КАЖЕ ДЕКА СЛАВЕСКИ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ“: Шилегов ѝ порача да ги облече истите чевли што ги носеше кога беше опозиционерка
Петре Шилегов, смета дека гувернерот на НБРМ, трајко Славески го прекршил законот и дека претседателката Гордана Силјановска Давкова не треба да избегнува да каже дека тој го прекршил законот.
„Моето мислење уште и пред да биде поднесена таа кривична, беше дека има прекршување на кривичниот законик во најмала рака за несовесно работење во службата. Ако тоа се однесува, тогаш би требало обвинителството да постапи согласно законските прописи и да покрене постапка. Очекувам дека, ако сме сите еднакви пред законот и ако она што се декларираше со изборот на новиот државен јавен обвинител дека нема политички протекционизам за никого, тогаш би требало во најмала рака многу брзо и многу ефикасно да се спроведе таа постапка затоа што зборуваме повторно з правно прашање, кај што имате една фактичка состојба да утврдите. Прво сум запрепастен од безобразието и ароганцијата со која што именуван висок функционер, гувернер на Народна банка се однесува кон медиумите и тоа јавно. Медиумите ако се јавно, замислете тој приватно за нас размислува како граѓани.
Мислам дека малку повеќе правно е квалификувана претседателката на државата за работите кои што ги кажува и нема потреба политички да избегнува да каже она што децидно сите малку од правото што разбираме па го знаеме, а тоа е дека законот е прекршен. Мислам дека би требало да го заштити пред се својот професорски интегритет, претседателски интегритет и да постапи согласно своите размислувања. Ако била децидна додека беше пратеник во опозицијата околу инсистирање на определено почитување на процедури и имање одговорност, кај чинители за непочитување на процедурите, тогаш нека ги облече истите чевли што ги имаше кога беше опозиционерка и поедноставно ќе бидат одлуките“, изјави тој за Канал 5.
