Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска и определени се и други мерки на претпазливост. 

На Димитровска, по предлог на ОЈО ГОКК, ѝ е одземен пасошот, а определена ѝ е и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.

Основниот кривичен суд во Скопје определи мерки на претпазливост на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Димитровска, која е осомничена во предметот „Адитив“.

„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како ‘Адитив’, по нејзино произнесување во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и се определуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, се вели во сооштението на Судот.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево информираа дека во рамките на предметот „Адитив“, од прибраните докази е донесена наредба за спроведување истрага за уште три лица.

Во „Адитив“, за спорните набавки на адитиви за согорување на јаглен во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, вредна 6,5 милиони евра, се осомничени повеќе луѓе. Екс директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, веќе е во притвор.

Слично

Поврзани вести