Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателката ги предложи Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет

Претседателката ги предложи Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги предложи своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет: професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. За нив сега треба да гласаат пратениците во Собранието.

Претходно, Собранието го усвои новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, кој донесе измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка која академската кариера ја градела на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на приватниот МИТ Универзитет. Беше и член на Комисијата за помилување на Сиљановска-Давкова. Сузана Јошевска-Анастасовска е истакната адвокатка со долгогодишна пракса и позната во јавноста преку нејзините настапи за проблемите во судството.

Слично

Поврзани вести