ПРЕТРЕСИТЕ ВО ИДРИЗОВО ЗАВРШИЈА - директорот Јовановски потврди дека се собирале докази
Поголема кличина на недозволени предмети се откриени при претресите што утрово беа извршени во Казнено поправната установа Идризово со цел обезбедување доказни материјали, кажа директорот на КПУ Идризово - Скопје, Зоран Јовановски, по денешната голема акција на полицијата и обвинителство во просториите на затворот..
Тој дополни дека веќе се завршени претресите.
- Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал - информира претходно ОЈО Скопје.
Слично
