Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претреси во Македонија пред референдумот: Кај ултра-десничар пронајдени фантомки и оружје

Претреси во Македонија пред референдумот: Кај ултра-десничар пронајдени фантомки и оружје

Пред референдумот на 30 септември, во акција се пронајдени оружје, униформи о фантомки кај македонски ултра-десничар, информираат од Основното јавно обвинителство.

Се работи за 53-годишен скопјанец член на организацијата „Христијанско братство“. Судот веднаш му одредил притвор од 30 дена.

- Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага со донесување на Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице,  за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

При  рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.09. 2018 година во 15.00 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје,  пронајдено е оружје и тоа  пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.

По барање на  јавен обвинител и одобрување од  надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“ , фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож- Бодеж, двоглед и друга опрема.



Слично

Поврзани вести