Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, лоцирана во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрагата поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.

Под лупа на истражните органи се и повеќе објекти на други фирми кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

Слично

Поврзани вести