ПРЕТРЕСИ ВО ИДРИЗОВО - пронајдени поголема сума на пари и недозволени предмети (ФОТО)
Претреси во Идризво, кај осуденици најдени пари, таблети, мобилни теплевони, но и остри предмети и „прашкаста материја“.
Како што соопштуваат од МВР, во текот на денешниот ден (20.02.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.
- Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор - соопштуваат од МВР.

Од таму додаваат дека постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа.
- При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена - додаваат од МВР.

Останатите пронајдени предмети за време на претресот ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

