Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТРЕСИ ВО ЧАШКА ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП - со судска наредба пронајдени и одземени 120 илјади денари

ПРЕТРЕСИ ВО ЧАШКА ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП - со судска наредба пронајдени и одземени 120 илјади денари

Министерство за внатрешни работи изврши претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори.

- Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. 
При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2.000 денари и еден мобилен телефон. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок - објаснуваат од МВР. 

Слично

Поврзани вести