ПРЕТРЕСИ ВО ЧАИР, АРАЧИНОВО, ЧЕНТО: Се бараат докази за дела поврзани со дрога и оружје
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека биле извршени претреси на повеќе локации, а поради сомнение за кривични дела поврзани со оружје и дрога.
„Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога“, соопштија од Обвинителството.
Од таму не соопштуваат повеќе детали во врска со истрагата.
Слично
