ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Се истражуваат кривични дела поврзани со набавка на деривати
Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден.
Неофицијално, медиумите јавуваат дека е приведен бизнисменот Ратко Капушевски.
Слично
