Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

Полициските екипи на СВР Охрид извршиле претреси на повеќе локации во Охрид поради сомнеж за лихварство и изнуда. 

По направените претреси едно лице е уапсено, за две кривични дела, соопштуваат од службите на СВР Орид. 

- Денеска (29.09.2024), полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција - Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.

Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ. 

Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави - се нагласува во соопштението.

Слично

Поврзани вести