Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претреси има на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама

Претреси има на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама

Под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), попладнево истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи(УЈП). Повеќе информации се најавени во текот на денот.

Слично

Поврзани вести