Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТРЕСИ И УШТЕ ПРИВЕДУВАЊА: Обвинителство со детали за случајот „Онкологија“

ПРЕТРЕСИ И УШТЕ ПРИВЕДУВАЊА: Обвинителство со детали за случајот „Онкологија“

Јавното обвинителство потврди дека за случајот „Онкологија“ што ја разбранува македонската јавнст лани летото, од утринава се направени претреси на три локации и задржани се четири лица. Меѓу нив е и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев.

Од Обвинителството информираат дека акцијата за „Онкологија“ се уште трае.

„До овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица поради сомненија дека сториле кривични дела. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствија. Сите задржани лица се во врска со истиот предмет. Штом се создадат услови, јавноста ќе биде веднаш информирана, велат од Јавното Обвинителство.

Инаку, поранешниот директор, Васев е осомничен во предметот кој го води скопското Обвинителство за кражба и злоупотреба на цитостатици. 


Слично

Поврзани вести