Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Едно по едно ќе решавате и бизнисот ќе тргне

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Едно по едно ќе решавате и бизнисот ќе тргне

Тамара Горјуп одлучила да направи бизнис со здрава, сирова и вкусна храна и да ја понуди на пазарот. 

Вели дека креативноста и желбата сама да си го организира времето, ја натерало да почне свој бизнис. 

„Здравата исхрана ме интересираше отсекогаш. Многу читав и пробував на таа тема, додека конечно не ја открив сировата храна и се заљубив во неа. Мислам дека тоа е најдобро за секого - вели Горјуп. 

Билки, овошје, зеленчук, семки, зрнести плодови се состојки од кои направила производ. 

Таа почнала прва да ги конзумира, видела дека има енергија за цел ден, а потоа производот го вкусиле и други луѓе. 

Имала пријател кој е книговодител кој многу помогнал на почеток. Конкурирала за кредит за старт ап и со тие средства си го олеснила водењето бизнис. 

Вели дека на почеток има многу непознати работи како фактури, продажба, промоција. 

Горјуп ги охрабрува младите ако сакаат свој бизнис да почнат и со малку пари, но ќе им треба многу труд и време. 

Слично

Поврзани вести