Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Мачење е да работите нешто не сакате

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Мачење е да работите нешто не сакате

Со години барале имот и на крајот го нашле на час возење од Белград и помалку од час од Нови Сад. 

Ана и Миле Давидовиќ почнале да се занимаваат со туризам и ја изградиле вилата Давидовиќ. 

При создавањето на комплексот велат дека се воделе од сопствениот вкус, за да привлечат луѓе. 

Во светот на туризмот се нови, и немале со кој да се консултираат. Но, бидејќи се занимаваат со сликарство, решиле да направт спој на уметност, туризам и угостителство и од хобито да направат бизнис. 

„Многумина прашуваат зошто покрај култура, што би било логичен след, ние се решивме за туризам. Но, и културата и уметноста мора од нешто да се финансираат затоа што се непрофитни дејности“ - велат од семејството Давидовиќ. 

Тие не сакале класичен етно туризам, туку да побегнат од градската врева. 

Засега гости примаат само за викенди, а тие доаѓаат од големи градови како Белград и Нови Сад. 

На имотот од 1.5 хектари имаат езеро, извор на вода,  ателје, овоштарник и игралиште. 

Слично

Поврзани вести