Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Кога бизнисот е на стабилни темели успехот доаѓа постепено

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Кога бизнисот е на стабилни темели успехот доаѓа постепено

Производството на козметика за Мила Љутвиненко била работа во која таа ја вложила својата креативност. 

Почнала со работа пред повеќе од две децении и до ден денес работи со истиот ентузијазам. 

„Се случи момент на препознавање. Почувствував дека тоа е работа во која може да дојде до израз мојата креативност. Во тој период никој во Србија не се занимаваше сериозно со декоративна козметика. Не ја следеа амбалажата, боите, а ни самиот квалитет на козметиката“ - вели таа. 

Фирмата е основана во декември 1996 година во Ниш, со цел да се занимава со производство и промет на козметика.  Фирмата ја нарекла Аура, а името на латински значи злато и сјај. 

Почетниот капитал во тоа време бил 300 германски марки. 

На почеток имала проблеми, но вели дека денес нема проблеми, туку има предизвици. 

Оваа жена додава дека е важно квалитетно да се работи во секој сегмент и да се има осет за потребите на потрошувачите. 

Љутвиненко вели дека нестабилната политичка и економска состојба влијаела на работата, но и „црниот пазар“.

Додава дека последните две години била полни со предизвици, но се трудат да ги следат светските трендови и да одговорат на потребите на корисниците. 

За сите оние кои сакаат да почнат свој бизнис им советува тоа да биде работа која ја сакаат. 

Слично

Поврзани вести