Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра

Драгиша Николиќ во 2007 година ја реализирал својата идеја да биде сам свој газда, така што ја основал агенцијата „Student Adventures”. 

За почеток доволни му биле изнајмена соба во хотел, компјутер и неколку стотини евра. 

Тој со својата работа им овозможува на младите да престојуваат преку лето во САД или на некоја друга дестинација, со што стекнуваат искуство, се дружат, работат и заработуваат. 

Николиќ самиот преку Work & Travel бил во Америка и вели дека работата, трудот и посветеноста се ценат и исплатат. 

„Тогаш помислив дека посветеност и дициплина можат да вродат со плод и во Србија. Околностите беа на моја страна и добив понуда од американски работодавец да отворам агенција која ќе се занимава со оваа програма и така да им помогнам на нашите студенти да го доживеат тоа искуство“ - вели Николиќ. 

За својата работа објаснува дека се најважни доследност, иновативност и истрајност. 

Вели дека оваа работа е многу специфична, а политичките влијанија и случувања имаат свој удел. 

Освен во Америка, испраќа студенти и на работа во Азија. 

Николиќ во иднина планира да работи со исто темпо и да го задржи квалитетот на услугите. 

Слично

Поврзани вести