ПРЕТКНУВАЊЕ Е ПРВИЧНАТА ПРИЧИНА ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ КОЧАНИ: Телата на загинатите се на обдукција, има и седуммина повредени
Јавен обвинител
изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа која денеска се случи на
патот Штип-Кочани во која загинаа две лица и уште седуммина се повредени. Во сообраќајката учествувале три патнички возила.
-Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во соопштението на Обвинителството.
Телата на двете загинати лица се дадени на обдукција, додека повредените биле примени веднаш во кочанската болница, по што кај оние кај кои се констатирани посериозни повреди, се пренесени во Клиничката болница во Штип и во скопските клиники.
