Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТХОДНО ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕ ГИ УБИЛ ПАНЧЕ И ВАЊА: Палевски е однесен на распит во Обвинителството

ПРЕТХОДНО ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕ ГИ УБИЛ ПАНЧЕ И ВАЊА: Палевски е однесен на распит во Обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес денеска од истражниот затвор Шутка е спроведен на распит во скопското Обвинителство.

Турските власти го екстрадираа пред дваесетина дена.  Палевски веќе рече дека нема да се брани со молчење, а кога го носеа во суд кажа и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. За случајот се обвинети Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се товарат за по две кривични дела – убиство и грабнување. Меѓу обвинетите е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Двојното убиство се случи лани, а Палевски тогаш избега во Турција. 

Слично

Поврзани вести