„ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ИМАШЕ НЕДОСТИГ НА ДОБРА ДИПЛОМАТИЈА, ЗАТОА СМЕ ВО ОВАА ПОЗИЦИЈА“: Адвокатот Менкиноски за уставните измени
Адвокатот Тони Менкиноски во гостувањето во „Само Вистина" рече дека претходната власт немала добра дипломатија и дека токму затоа се наоѓаме во уценувачка позиција да мора да ги внесеме Бугарите во уставот.
„Претходната власт имаше недостиг на добра дипломатија, добро лобирање, и затоа сме во оваа позиција сега, да правиме некои измени на уставот со одложено дејство, што лично јас сметам дека не се правнички, не се согласно меѓународните стандарди нити меѓународно правни. Ние го сменивме името под притисок од страна на тогашните западни лидери и тогаш го сменивме името и беше основа дека ќе не внесат и во Европсата унија. Сега овие се дополнителни уцени според мене каде што се бара да бидат внесени Бугарите во македонскиот устав.
