Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претепани професори од Гостивар, Алијансата за Албанците тврди од партиски причини

Претепани професори од Гостивар, Алијансата за Албанците тврди од партиски причини

Двајца професори од гостиварската гиманазија биле брутално нападнати и со потешки телесни повреди биле пренесени на Клинички центар. Тепањето се случило во самата гимназија во Гостивар од поголема група на насилници. Овој инцидент беше причина да започнат меѓусебни обвинување меѓу Алијансата за Албанците и ДУИ дека има партиска позадина. 

„Ја потсетуваме јавноста дека огранокот на Алијансата на Албанците во Гостивар беше тој што реагираше навремено во врска со можните последици како резултат на политичката одлука на владата на господинот Заев за одземањето на ингеренциите на градоначалникот во сферата на образованието. На протестот организиран во Гостивар, на 20 март оваа година, поставивме јавно прашање зошто се земаат ингеренциите само во Гостивар, а не на пример и во Струга? Му се обративме и на премиерот, укажувајќи дека ние немаме никаква надеж во луѓето на ДУИ, бидејќи нив ги интересира само личниот интерес и личните придобивки, а не општите интереси на граѓаните“, тврдат од партијата на Села.

Од Алијансата на Албанците велат и дека премиерот Заев овозможува и дозволува ДУИ да се однесува на агресивен начин во Гостивар и дека не можат да се помират со фактот дека градоначалник е Арбен Таравари па прават секаков можен вид на притисок. 

„Владата и во конкретниот случај министерот за образование ја сноси најголемата одговорност на овој вандалски чин, којшто на ниеден начин не сакаме да се повтори“, се вели во партиското соопштение.

ТВ21 го контактираше и директор Џези Камбери, кој ги негира обвинувањата и вели дека не знае кој ги тепал професорите. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го потврди инцидентот.

Од ДУИ негираат дека случајот е од партиска мотивираност. 

Слично

Поврзани вести