Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претепани две момчиња со шипки и боксирачи

Претепани две момчиња со шипки и боксирачи

Поголема група претепала две момчиња во Скопје. 

Тепачката се случила околу 23 часот на крстосницата од ул.„10“ и ул.„40“, при што  20-годишниот Б.С.  и 18-годишниот Б.Ф. без повод и причина, физички биле нападнати од Б.А. и С.А. од село Визбегово и уште 10-15 непознати лица, кои биле со метални шипки и боксирачи. Од тепањето  Б.С. се здобил со тешки телесни повреди и не е контактибилен, а Б.Ф. се здобил со телесни повреди.

Повредените се задржани на понатамошно лекување во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.



Слично

Поврзани вести