Претепан Стојко Пауновски во Тетово
Полицијата вчера го привела В.О. (20) од Тетово, а извршен е разговор и со А.Б. (20) и И.В. (18) исто така од Тетово по пријавата на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски дека три непознати лица физички го нападнале неговиот 23 годишен син, информирашеМВР.
Претходно, Пауновски на неговиот Фејсбук профил објави детаљи за нападот.
„Ниту син ми беше во угостителски објект, ниту на инцидентот претходеше кавга за паркинг место. Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас. За жал, подебелиот крај го извлековме ние двајца“- напиша Пауновски, по информациите дека нападот се случил во кафеана.
Пауновски е поранешен пратеник од СДСМ.
