Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претепан шофер на ЈСП „Скопје“

Претепан шофер на ЈСП „Скопје“

Вчера околу 18:30 часот возач на автобус бр. 67 на ЈСП е нападнат од неколку лица при тргнување од Зелениково кон Транспортен центар во Скопје. По нападот возачот А.Д. (36) е пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Според информациите од МВР, на нападот му претходело недоразбирање околу сообраќаен прекршок. Имено, вчера во 18:20 часот на влез во село Студеничани дошло до недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возачот А.Д. (36) од Скопје  и непознати лица со патничко возило  „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, кои притоа му упатиле закани.

Околу 18:55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило „Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, кои насилно ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот.

Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25)  и А. Г. (24)  од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица – Драчево.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести