Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Претепан контроверзниот новинар Зоран Божиновски

(ФОТО) Претепан контроверзниот новинар Зоран Божиновски

Контроверзниот новинар Зоран Божиновски синоќа во Битола бил претепан од две непознати лица, објави Плусинфо, приложувајајќи фотографии од сопственикот на „Буревесник“.

Божиновски бил нападнат пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница, а неговата сопруга била сведок на целиот инцидент.

На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.

Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

Настанот бил пријавен во полиција.


Слично

Поврзани вести