Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претекнување и преголема брзина: Очевидци раскажуваат за кобната сообраќајка кај Пинтија

Претекнување и преголема брзина: Очевидци раскажуваат за кобната сообраќајка кај Пинтија

Половина час после 22 ч. синоќа на влезот во скопската населба Драчево животот го загубија две млади лица.

Очевидци раскажуваат дека едниот од сега загинатите возел со преголема брзина која била дури над 160 км/ч и претекнувал друго возило при што директно се судрил со aвтомобилот во кој само било другото лице кое настрада.


Страотна глетка на местото на немилиот настан во Пинтија. Целосно уништени автомобили од предните страни сведочеа цела ноќ за ужасот што ја потресе населбата.

Официјално денеска надлежните ќе соопштат како дошло до трагедијата и ќе ги потврдат идентитеите на загинатите момчиња за кои се пишува дека едниот е 20 години од скопско Батинци, додека другиот е 29 годишник од Драчево.

Слично

Поврзани вести