Пресврт во временската прогноза: Славчо Поповски со предупредувања
Моќниот циклон кој се развива над Џенова и кој го носи името БРУНО веќе овој викенд ќе донесе ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ на Балканот а со себе ќе спушти и значително постуден воздух од северните географски широчини, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.
Кај нас позначителен пад на температурите на воздухот и северен ветер ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник за кога е најавена најголемата промена на временската состојба кај нас како и позначително количество на дожд како и појава на локално невреме со град.
Како што најавивме и ова утро во сабота особено во северозападните и во западните планински предели како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално можни се ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси во форма на НЕВРЕМЕ проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
