Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресврт во Чаир, советничка на БЕСА стана претседател на општинскиот Совет

Пресврт во Чаир, советничка на БЕСА стана претседател на општинскиот Совет

Албанската опозициска партија БЕСА или барем дел од нејзините членови повторно ја брануваат политичката сцена со пресвртот кој се случи во општина Чаир. На локалните избори победи Висар Ганиу, заедничкиот кандидат на ДУИ и СДСМ, но општината беше во „пат“ позиција откако советниците неможеа да изберат претседател на општинскиот совет со јасно мнозинство. 

Исчекор направија дел од советниците на БЕСА кои со неколку гласови од својата група се одметнаа и ја избраа Џемиле Мехмети за нов претседател на Советот на општина Чаир заедно со поддршка од советниците на ДУИ и СДСМ.

Таквиот потег предизвикал негодување кај преостанатите советници од групата на БЕСА кои и натаму се решени да делуваат опозиционерски и наводно се против идеите и делувањето на актуелниот претседател на партијата Биљал Касами. Исто така негодување имало и кај советниците на Алијансата за Албанците кои во Чаир дадоа поддршка за кандидатот на ДУИ, како и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во БЕСА и натаму постојат внатрешни тензии околу разрешувањето на претседателот Биљал Касами од кого се бара одговорност за поразот на локалните избори и непочитување на одлуките на партиските органи.

Слично

Поврзани вести