ПРЕСТРЕЛКИ ВО МАКЕДОНИЈА: Скопје и Тетово водат по бројот на вакви инциденти?
Ако се погледнат извештаите на медиумите, може да се забележи дека престрелки најчесто има во Скопје и Тетово.
Во помалите средини ваквите инциденти се многу поретки.
Ноќеска еден час по полноќ на улицата „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје, се случила вооружена престрелка во која едно лице е убиено. Ова е најновиот случај.
Расправија помеѓу три лица довела до меѓусебна оружена престрелка на улицата „Лазо Трповски“ во скопската населба Чаир во август годинава.
Во април во маркет во Чаир имаше пукање при што беше повредена жена.
Пукање во скопско Стденичани, имаше во јуни што што беше рането едно лице.
Во средината на септември, 41-годишниот Б.А.од Скопје пријавил дека, додека бил во неговиот дом, слушнал два истрели. Кога излегол надвор забележал дека на неговото возило „Џип“ со скопски регистерски таблици било скршено задното ветробранско стакло. Повредени лица немаше, а пронајдени беа два фрагменти од проектил.
Во април во тетовска Мала Речица имаше пресметка меѓу групи на политичка партија.
Три лица во јули годинава беа повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во месец април, скопјанец осомничен за разбојништво беше ранет во престрелка со полицијата, во Битола.
Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, од редовите на СДСМ, беше уапсен летово под обвинение за шверц со цигари. Медимите тогаш објавија дека за време на полициската акција имало и вооружена престрелка.
