ВИНЕР И МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ СЕ ПРИСОЕДИНУВААТ - ќе бидат маркет лидери во сегментот на осигурувањето
Дефинитивно претстанува да постои ВИНЕР - Виена Иншуренс ГРУП, откако е потпишан договор за нивно целосно присоединување кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс груп.
За ова од компанијата беа известени акционерите и другите заинтересирани страни, или практично станува збор за Известување за потпишана Спогодба за статусни промени - присоединување.
„Почитувани акционери и други заинтересирани страни,
Ве известуваме дека на 20 декември се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР -
Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА
oсигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на
целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции
издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното
законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје
престанува да постои без ликвидација.
Сите прашања во врска со оваа Известување можете да ги доставите до стручните служби на МАКЕДОНИЈА
Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп“, се вели во известувањето испратено од Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп.
