„ПРЕСТАНЕТЕ ДА ТРЕСЕТЕ ЗЕЛЕНИ И ОДЕТЕ НА ПО ЕДНА ОБУКА ПРЕД ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ВО ЈАВНОСТ“: Најчевска вели, Гаши можат да го сменат само пратениците, Мицкоски е само извршител
Откако СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски да не го штити претседателот на Собранието, Африм Гаши, мислејќи на негово разрешување заради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи, се огласи професорката Мирјана Најчевска.
Без влакна на јазикот и во нејзин стил, таа од СДСМ побара да „не тресат зелени“, затоа што Гаши можат да го сменат пратениците во Собранието.
„Престанете да тресете зелени и дај одете на по една обука пред да излезете во јавност.
Единствен кој може да го смени Африм Гаши од функцијата се пратениците во Собранието.
НИКОЈ ДРУГ.
Пратениците се пртставници на граѓаните.
Мицковски е само извршител.
Демократијата сепак не е за луѓе со интелигенција на ниво на собна температура“, напиша таа на Фејсбук.
