Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преспанскиот договор во фокус на „Der Standard“: Македонија главна во австриски медиуми

Преспанскиот договор во фокус на „Der Standard“: Македонија главна во австриски медиуми

Националниот австриски весник објави обемна статија за Преспанскиот договор за новото име на Македонија и прави селекција на прашањето како се дошло до неговото потпишување.

На 11 јануари Парламентот на Република Македонија гласаше со 81 гласа "за" и 39 "против" измена во четири члена на Уставот, кои беа објавени во Службен весник на 12 јануари. Тие се однесуваат на промената на името на Република Северна Македонија во согласност со одредбите на Преспанскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 година од страна на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Овие уставни амандмани се важен чекор кон решавање на спорот за името, но тие не се крај на историјата“, пишува редакцијата на тој медиум. 

Следува потсетување: на 17 јануари грчкиот парламент едвај ја обнови довербата кон Владата на Ципрас, а на 25 јануари даде и „зелено светло“ на договорот. Сепак, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, го отфрла потпишувањето на уставните измени. За разлика од него, претседателот на парламентот, Талат Џафери тврди дека измените имаат правна сила со објавување во Службен весник. Освен тоа граѓанските иницијативи се обидуваат да соберат 150 000 потписи за да организираат референдум против промените.

„И покрај сите проблеми, договорот од Преспа е обид на македонската и на грчката левица да стигнат до компромис што ќе биде во корист на светскиот поредок. 

Македонските и грчките националисти, популисти и екстремни десничари сакаат да го раскинат овој договор. Македонија е мала земја, но Грција не е повеќе импресивна ако ја споредиме со Големите сили. Вирусите, сепак, се исто така микроскопски мали, но се способни да предизвикаат доволно штета за да уништат дури и цела цивилизација. Регионалниот национализам и популизам се вирусите на нашето време“, е заклучокот на уредникот на „Der Standard“.


Слично

Поврзани вести