Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преспанскиот договор настан на годината на Балканот за Ал Џезира: Само Македонија го„размрда“ регионот

Преспанскиот договор настан на годината на Балканот за Ал Џезира: Само Македонија го„размрда“ регионот

Во денешната главна статија на „Ал Џезира“  за тоа кој настан ја одбележа 2018-та на Балканот на прво место е потпишувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор како историски настан, а Македонија е опишана како единствената земја која ја „размрдала“ анемијата на регионот. 

- Само Македонија се потруди да реши еден спор со свој сосед, иако како настани кои не минаа баш најдобро за земјата се недоволниот број на излезност на референдумот за промена на името и бегството на поранешниот премиер Никола Груевски - пишува Ал Џезира.

За „Ал Џезира“ Спогодбата од Преспа е единствена светла точка во годината што изминува, додека другите земји од екс-Југославија се тркаат во наоружувањето, водат спорови за тоа кој да ги превземе емигрантите и никогаш не се трудат да ги закопаат секирите.

Србија и Косово и понатаму се надмудруваат и си поставуваат сопки и се далеку од каков било договор. Како негативно се оценува формирањето на армија на Косово и политичките убиства. Власта во Србиоја е оценета како авторитарна со свои медиуми под контрола и игнорирање на опозицијата. Во БИХ се уште не може да се воспостави функционална власт. Помеѓу Загреб и Сараево се таложат имотни спорови, додека во Црна Гора политичката сцена и натаму е зачмаена иако на надворешен план на земјата и оди добро и на многу места се укинуваат визите за нејзините државјани, пишува Ал Џезира.


Слично

Поврзани вести