Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресметано за колку години ќе започне оскудацијата во Македонија со матични лекари

Пресметано за колку години ќе започне оскудацијата во Македонија со матични лекари

За помалку од осум години, Македонија ќе се соочи со недостиг на матични лекари, предупредуваат од Здружението на лекари по општа медицина.

Од таму информираат дека просечната возраст на матичните лекари е 58 години и доколку не се изнајде начин за да се мотивираат младите, многу места ќе останат празни.

Директорката на Детската клиника, вели дека состојбата е слична и со специјалистите и додава дека на нејзината клиника е забележан недостиг на лекарски кадар, почнувајќи од специјалисти, па сѐ до медицински сестри.

Според професорката Катица Зафировска, проблем претставува и несоодветната распределба на лекарите. Вели дека поради овој феномен, многу здравствени установи остануваат без лекари, додека во другите, пак, има пренатрупаност.

За да има дополнителен мотив кај лекарскиот кадар од руралните места, потребно е да им се зголемат платите, заклучува Зафировска.

Инаку, Здружението на лекари по општа и семејна медицина, денеска ја одбележа 70 – годишнина од своето постоење.

Околу 300 членови на ова Здружение, во рамките на Меѓународниот ден на семејните и општи лекари, денеска организираа активности во својата амбуланта или средина во која работат за промоција на здравјето и здравите навики, превенција и идентификација на ризик, едукација и советување.


Слично

Поврзани вести