ВО ЖИВО: ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ - ќе објави детали за Мијалков
Министерот за внатреш ни работи Оливер Спасовски за денеска закажа пресконференција.
Пресот првично беше закажан во 14.30 часот, но сега е поместен за 15.00 часот.
Ова ќе биде прво обраќање на првиот полицаец Спасовски, по веста за бегството на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, која одекна доцна вечерта во неделата.
Денеска се појавија информации дека наводно министерот Спасовски депонирал оставка, но од МВР за Фактор само кусо изјавија дека таа информација не е точна, односно дека станува збор за лага.
Погледнете ја во живо прес конференцијата на министерот Оливер Спасовски на следниов линк.
Инаку, целата јавност во земјава е потресена од бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, пред да ја слушне пресудата за случајот Таргет Тврдина.
Премиерот Заев денеска ги собрал надлежните и барал или Мијалков да се фати, или да летаат оставки.
