Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСЕК ЗА 24 ЧАСА: Најмладиот починат од коронавирусот има 29 години

ПРЕСЕК ЗА 24 ЧАСА: Најмладиот починат од коронавирусот има 29 години

Во последното деноноќие најмладиот починат од коронавирусот има 29 години. Овој податок го објави Министерството за здравство. Британскиот сој ги напаѓа и младите и брзо се шири.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153. Во Македонија на сила е полицискиот час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести