Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пресе“ пишува дека Виена преговара и со Скопје за сместување мигранти

„Пресе“ пишува дека Виена преговара и со Скопје за сместување мигранти

Австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.

Весникот наведува дека Виена „веќе преговара“ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање „кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската рута“.

Според „Пресе“, овие луѓе треба да бидат времено сместени во некоја „помалку атрактивна земја“ за мигрантите.

Весникот наведува дека земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари, а Виена моментно ги разгледува и правните можности.

Во протерувањето треба да помогне и Фронтекс, но за тоа мора да биде променет мандатот на оваа агенција на ЕУ.

Засега не е познато колкава ќе биде големината на планираните кампови за протерување на Балканот, пишува „Пресе“, додавајќи дека тој проект е поддржан од Данска и Холандија.

Слично

Поврзани вести