Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕС ВО 11: Кој ќе се најде во канџите на СЈО?

ПРЕС ВО 11: Кој ќе се најде во канџите на СЈО?

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ја информира јавноста за две нови истраги. 

Двете истраги ја продолжуваат низата која носи оперативни имиња на случаи кои почнуваат на буквата Т.

Тие најверојатно  се поврзани со финансиски криминал.

Тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева најверојатно ќе ги обелодени сомневањата за криминални активности поврзани со  „Сончев град“, случај кој го истражува повеќе од пет месеци и проектот „Скопје 2014“. 

Деновиве СЈО заплени документација од Министерството за култура, а вчера влезе во УБК за да утврди кој прислушувал во Македонија. 

Следете нè, ќе имаме видео во живо. 



Слично

Поврзани вести