Прес на Пендаровски на отворено, на новинарите им се мери температура
Во тек е прес конференцијата на претседателот Стево Пендаровски.
Пред почетокот на официјалната прес конференција во Вилата Водно на новинарите им беше измерена температура и им било речено ако имаат температира над 37,5 степени да не ја следат конференцијата.
Пресот е на отворено, а столчињата на новинарите се на оддалеченост погоелма од вообичаено.
На посебна маса има ракавици и антисетични гелови.
Новинарите не поставуваат прашања на ист микрофон. Претседателот дополнително рече дека и покрај тоа што се познава со сите новинари нема да се поздрави со нив.
Слично
