Препораката за намалување на периодот на изолација доставена до Владата
Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, по која до Владата беше доставена препораката на Комисијата за заразни болести за намалување на периодото на изолација до Владата.
На седницата, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.
Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
Владата треба да ја разгледа на следната владина седница.
Слично
