Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки против аерозагадувањето стапуваат на сила и во Скопје. Мерните инструменти покажаа дека горната граница на загаденост е надмината во повеќе скопски општини, но и во други градови низ Македонија.

Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории.

Главната мерка на Владата е насочена кон работодавците. Тие се задолжени да ги ослободат од работни обврски:

  • Бремените жени;
  • Лицата постари од 60 години;
  • Лицата со хронична астма и прележан миокарден инфаркт или мозочен удар (без разлика на возраста).

Воздухот е загаден во повеќе градови. 

Слично

Поврзани вести