Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Бугарската амбасада во Скопје соопшти дека Бугарија е подготвена да обезбеди превоз за членовите од потесните семејства на жртвите од трагедијата во Кочани на лекување во Софија, Пловдив и Варна, како и да им обезбеди сместување за потребниот период на лекување, јавува БТА.

Бугарија се обврза да прифати 14 лица на лекување, од кои осум се во „Пирогов“, соопшти заменик директорот на ургентната болница, проф. Николај Габровски.

- Од нив, пет лица штотуку пристигнаа со воениот авион „Спартан“, тројца се на вештачко белодробна вентилација, бидејќи нивното дишење бара помош. Очекуваме уште три лица - две деца меѓу 15-16 години. и еден 19 години маж, најверојатно сите тројца ќе бидат интубирани, истакна Габровски.

Нивната состојба е сериозна, ќе се преземе се што е можно за нивната дијагноза, како и нивниот третман. Благодарност до сите институции. Ова беше сложен процес за организирање, додаде тој.

На тројца од повредените ќе им биде укажана помош во болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив, и уште тројца - во поморската болница во Варна.


Слично

Поврзани вести