Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕНЕСЕН Е ВО ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР: Жарко Грозданоски доби 30 дена притвор

ПРЕНЕСЕН Е ВО ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР: Жарко Грозданоски доби 30 дена притвор

Притвор од 30 дена доби Жaрко Грозданоски, oсомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид. Грозданоски беше изведен пред судија на претходна постапка во охридскиот суд кој ги прифатил околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Тој е пренесен во охридскиот затвор.

Грозданоски е осомничен дека на 25 месецов од користољубие го убил Митрески, со цел да го спречи да го раскине договорот за доживотна издршка, најпрвин вербално, па физички го нападнал во неговата куќа, а потоа и го задушил. Според охридските медиуми, човекот поседувал имот вреден над милион евра, а имал и угостителски објект. Во јавноста е познат како лидер на Христијанско братство, а во минатото му се закануваше и на тогашниот премиер Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести